Фудбалерите од Ла Лига одбиваат да играат во САД

Асоцијацијата на шпанските фудбалски играчи е против преселбата на натпревари од Ла лига во други држави. Во соопштение објавено денеска, играчите велат дека не се согласуваат со идејата што ја промовира претседателот на лигата, Хавиер Тебас. Ставот на фудбалерите доаѓа како реакција закажаниот дуел меѓу Џирона и Барселона да се одигра во Мајами на 27. јануари. Во Ла Лига во моментов настапуваат и двајца македонски репрезентативци, Енис Барди во Леванте и Столе Димитриевски во Рајо Валјекано.
Ставот на фудаблерите не е обврзувачки за Ла Лига која пак мора да чека одобрување од шпанската и од американската федерација како и од УЕФА и од Асоцијацијата на Северна и Централна Америка.
Тебас ги повика играчите на уште еден состанок, но тие го одбија со објанување дека не сакаат повторно да разговараат со оглед дека имаат важечки договор со лигата до 2020 година во кој не се спомнува преселба на натпревари.
Џирона и Барселона веќе поднесоа барање до шапнската федерација за дозвола дуелот да го одиграат во САД.
 

Се вчитува...