Фудбалерите пристигнаа во Рига, првиот тренинг ќе го одработат утре

ЕКИПА во Летонија,

Никола Ѓуровски

Македонската репрезентација, по петчасовен лет  пристигна во Рига каде против репрезентацијата на Летонија в понеделник ќе го одигра шестиот натпревар од квалификациите за настап на Европското првенство 2020 година. Поради долгото патување од Израел до Летонија, репрезентативците на Македонија првиот тренинг на летонско тло ќе го одработат утре. Иако прво тренингот беше најавен за во 10 часот наутро, селекторот Ангеловски  одлучи тој да биде одработен во 18 часот, како репрезентативците би имале повеќе време за одмор.

Летонците денеска ги очекува натпревар нагости против Австрија, а во последниот меч од петтото коло во нашата група се среќаваат Словенија и Полска.

 

 

Се вчитува...