Фудбалерите со порака од базата во Ашдод: Победничкиот урнек го имаме од Хаифа (ФОТО)

ЕКИПА во Израел,

Никола Ѓуровски

Атмосферата е одлична, поразите од Полска и од Австрија не се заборавени, од нив треба да се извлече поука за враќање на победничките патеки. Урнек треба да биде и гостувањето во Хаифа од пред две години, кога Македонија славеше на израелско тло со 0-1. Капитенот Горан Пандев беше стрелец на победничкиот гол.

„Подготвени сме за предизвикот. Нема да биде лесно против Израелците, ќе ја имаат публиката на своја страна, но ние сакаме да се вратиме по поразите од Полска и од Австрија. Знаеме како да го победиме Израел, го сторивме тоа пред две години“, изјави напаѓачот Иван Тричковски кој игра во одлична форма во кипарскиот АЕК Ларнака.

Се вчитува...