Македонската експедиција попладнево отпатува за Кардиф пред клучниот натпревар против селекцијата на Велс, и тоа на денот на кој претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ го прославува својот 56. роденден.
Сите фудбалери му упатија искрена честитка на првиот човек на куќата на фудбалот, а неговата роденденска желба е и повеќе од јасна – позитивен резултат во Кардиф со кој ќе се обезбеди пласман во баражот преку овие квалификации, иако истиот е веќе обезбеден преку Лигата на Нации.
Македонија продолжува да испишува нови страници во фудбалската историја, нека продолжи и во Кардиф….
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

