Фудбалерите со убедлив пораз од Мароко на Медитеранските игри

Македонската фудбалска репрезентација до 20 години, е поразена со убедливи 5-1 од селекцијата на Мароко до 19 години на Медитеранските игри во Таранто, Италија.

Мароканската селекција уште во 43. секунда дојде до предност преку Есади. Во 5. минута од средбата, Тасев успеа да израмни.

Овој резултат беше актуелен до 36. минута преку Зенеби Талби кој донесе нова предност за Мароко. Во вториот дел уште три гола во мрежата на Македонија.

Најпрво Мунсеф донесе 3:1, а потоа Есади и Гурари ги постигнаа последните голови за мароканската селекција.

Македонската селекција го заврши настапот на последното место во групата со само еден освоен бод.

Се вчитува...