Фудбалерите во Бундес-лигата ќе играат со маски на лицето?

Бундес-лигата треба да се врати со продолжение на сезоната на 9. мај, а „Шпигел“ објави и дел од тајниот документ што го предвиде Министерството за труд на Германија кое сака фудбалерите максимално да бидат заштитени од пандемијата на коронавирусот. Токму затоа можно е да носат и маски на лицето, па дури би следеле и прекини на мечевите доколку некој од актерите остане без заштитната маска.

Во документот за заштита на фудналерите во Бундес-лигата предвидено е и да нема групно радување за головите. Пред рестартирањето на сезоната, сите фудбалери и воопшто актери на натпреварите ќе бидат тестирани против коронавирусот.

До крајот на шампионатот во Бундес-лигата остануваат уште девет кола.

Се вчитува...