Капитенот на женскиот тим на Челси, Саманта Кер, беше на суд во Лондон поради обвинение за расна дискриминација кон полицаец. Австралиската репрезентативка, чија баба е Индијка, признала дека го навредувала полицаецот во алкохолизирана состојба полицаецот Стивен Ловел кого наводно го нарекла „глупав белец“.
Сепак, 31-годишната Кер одби да се изјасни за виновна по обвинението за расно мотивирана навреда, а нејзината адвокатка Грејс Форбс тврдеше дека навредата на нејзиниот клиент не се однесува на бојата кожата.
„Сем Кер не чувствуваше непријателство кон полицаецот затоа што беше бел. Нејзините зборови беа лошо формулиран коментар за позицијата на моќ, за привилегијата и како сите овие работи можат да влијаат на перцепциите на луѓето“, рече Форбс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА