Фудбалерка на ПСЖ во притвор – ангажирала луѓе да претепаат соиграчка што и го зела местото во тимот

Фудбалерката на Пари Сен Жермен Амината Дијало е уапсена поради сомневање дека има директна врска со претепувањето на нејзината соиграчка Кејра Хамрауи како би ја исфрлила од клубот и репрезентацијата.

Дијало е обвинета дека ангажирала група мажи како би ја претепале Хамрауи и би и нанеле повреди кои ќе ја одвојат од теренот. Две лица ја извадиле Хамрауи од возилото, по што со метални прачки ја удирале фудбалерката во пределот на нозете, информираат француските медиуми.

Се вчитува...