Фудбалерките до 19 години ја совладаа и Литванија

Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години стигна и до втората победа на  квалификацискиот турнир од втората рунда од Б лигата што се одржува во Молдавија.

Овојпат нашите млади девојки беа подобри од Литванија со 2-0. Водство од 1-0 за нашиот национален тим донесе Петкова во 26. минута на асистенција на Јосифова. Конечните 2-0 ги постави истата фудбалерка во 77. минута.

За издвојување е и црвениот картон кој го доби фудбалерката на Литванките, Сесплаките во 49. минута. Во последното коло нашите избранички во директен дуел со Велс ќе одлучат за тоа кој ќе оди ранг погоре.

Се вчитува...