Фудбалерките на Лион ја освоија Лигата на шампионките

Фудбалерките на Лион повторно го освоија трофејот во Лигата на шампионите во женска конкуренција, откако во финалето во Киев го совладаа германскиот тим Волсбург со 4-1. Но, до триумфот стигнаа дури по продолженија, 2 х 15 минути. Интересно, во регуларниот тек мечот заврши без голови, а потоа за половина час беа постигнати дури пет погодоци.

Волфсбург прв поведе во 93.минута со голот на Хардер, со само три минути подоцна Поп заработи црвен картон, а тоа Лион знаеше да го искористи. За само две минути, стигна пресвртот. Анри во 98.минута израмни, а во следната минута Ле Сомер донесе и предност за Лион. До крајот, стрелаа и Хегерберг и Абили, за убедлив триумф на францускиот тим и освојување на трофејот во Лигата на шампионките.

В сабота во Киев ќе се одигра и финалето во машка конкуренција, а ќе се сретнат актуелниот европски првак Реал Мадрид и Ливерпул.

Се вчитува...