Навивачите на Ливерпул доживеаја вистински шок на натпреварот против Тотенхем на кој нивното 150 милионско засилување, Александар Исак конечно ја затресе мрежата по неполн месец „пост“, но голот не успеа да го прослави поради тешка повреда.
Шведскиот голгетер заработи скршеница на ногата откако фудбалерот на Тотенхем, Мајки Ван де Вен во обид да направи блок неконтролирано стартуваше над Исак, но за овој потег не доби ниту жолт картон.
Тој нема ниту да биде дополнително казнет, одлучи Англиската судиска комисија која стартот на Ван де Вен и повредата на Исак ги означи како „непријатна околност“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

