Фудбалерот кој на Германија и ја донесе титулата на Светското првенство достапен за 4 милиони евра

Марио Геце беше херојот на Германија на Светското првенство во Бразил кога во финалето против Аргентина постигна гол во 113. минута со што го донесе шампионскиот трофеј во Европа. Но, наместо кариера во нагорна линијата, истата забележа голем пад, а сега 30-годишникот кој претходната сезона ги бранеше боите на ПСВ бара нова средина.

Најголем интерес за неговите услуги покажува Бенфика на која ќе и бидат потребни само четири милиони евра за активирање на откупната клаузула, но португалскиот тим има и два ривали за реализација на трансферот.

Тоа се актуелниот освојувач на Лига Европа, Ајнтрахт Франкфурт кој сака да го врати Германецот дома и клубот на Дејвид Бекам во МЛС, Интер Мајами. Со однос на цената и квалитетите на играчот јасно е дека оној кој ќе го ангажира нема за зажали за парите.

Се вчитува...