Милинковиќ – Савиќ успешно опериран

Играчот за врска на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, успешно го оперираше носот во една римска болница, по скршеница која ја заработи на мечот со Фиорентина во саботата. Српскиот играч доби директен удар во лицето на дуелот со Ерик Пулгар, па лекарите потврдија скршеница. И покрај тоа, тој ја продолжи играта до крајот на мечот, но беше јасно дека ќе мора да биде опериран.

Сергеј се очекува брзо да се врати на теренот и да му помогне на тимот до крајот на сезоната во натпреварите со Парма, Рома, Торино и Сасуоло. На тие дуели, тојќе игра со заштитна маска.

Во пресрет на последните четири кола, Лацио е шести на табелата со 64 бода. „Лацијалите“ имаат шест бода помалку и натпревар помалку од четвртопласираниот Наполи.

 

 

 

Се вчитува...