Фудбалот е едноставна игра – Три пенали за Реал, три пенали против Барса, но Леванте сепак падна (ВИДЕО)

Барселона славеше со 2-3 на гостувањето кај Леванте во 31. коло од шпанската Ла лига. Минатата седмица можевме да видиме дека три пенали беа досудени за Реал Мадрид против Селта Виго, а денешната ситуација на мечот со Леванте уште толку ќе ги збесне Каталонците, бидејќи против нивниот тим беа досудени токму три пенали.

Сепак и покрај се тие на крајот успеаја да дојдат до победа. Домаќините поведоа со 0-1 со голот на Моралес од пенал во 52. минута, а само четири минути подоцна имаа нов удар од белата точка, кој не го реализираше Марти. Одбраната на Тер Штеген им донесе дополнителни крила на гостите па со головите на Обамејанг израмни во 59. минута и Педри четири минути подоцна стигнаа до целосен пресврт од 1-2.

Сепак, се случи и тоа до крајот беше суден и трет пенал за Леванте кој успешно го реализираше Мелеро за 2-2. До крајот Каталонците некако се изборија, а трите бода ги донесе Лук Де Јонг со гол во 92. минута.

Енис Барди натпреварот го почна од клупата за резерви, а доби шанса во 76. минута.

Се вчитува...