Фудбалот е поголем од парите во Германија: Успеа бунтот на навивачите, повлечен новиот закон

Германските фудбалски фанови од целата држава забележаа огромна победа откако успеаја да ја натераат Фудбалската Федерација да го повлече новиот закон со кој се овозможуваше влез на странски инвеститори во клубовите.

Во Германија активен е законот „51%“ според кој ниту еден приватен инвеститор не може да има повеќе од 49% од сопственоста над клубот, а мнозинството секогаш останува за градот, навивачите и други малцински инвеститори. Германската Федерација сакаше да го промени тоа изгласувајќи нов закон со кој правилото „51%“ се брише, со што предизвика бес меѓу навивачите.

На сите натпревари од првата и од втората лига од почетокот на 2024 година бевме сведоци на прекини со фрлање на тениски топчиња и истакнување на навредливи транспаренти кон челниците на федерацијата. Тие веруваа дека протестите ќе се намалат, но во меѓувреме истите уште повеќе добија на интензитет. Згора на тоа, второлигашот Хановер се јави со соопштение дека лицето кое гласало во име на овој клуб воопшто не било предвидено да присуствува, згора на тоа гласало спротивно на клупскиот став на оваа осетлива тема. Хановер испратил две барања до федерацијата за повторено гласање, истите биле одбиени, но останатите клубови во меѓувреме почнаа бунт против федерацијата, што на крајот резултираше со укинување на проблематичниот закон.

„Очигледно е дека процесот на инвестирање, поточно неговата промена, повеќе не е возможна. Иако постои мнозинство за влез на приватници во клубови што ги сметаат за неопходни, германскиот фудбал е на испит кој не се одвива само внатре во лигите, туку и меѓу клубовите, самите играчи, тренери, функционери. Навивачките групи се огромна пречка, со нив е загрозена самата игра, а со самото тоа и интегритетот на натпреварувањето“, објави Германската Фудбалска Федерација.

Се вчитува...