Фудбалот и фудбалското дружење, од денеска, во фокусот во 21 општина во Македонија

Фудбалската федерација на Македонија во соработка со Федерацијата за училишен спорт стартува со новиот проект наречен „Winter football joys“ во кој се вклучени 80 основни училишта низ целата држава.

Фудбалот и фудбалското дружење од денеска треба да бидат во фокусот во 21 општина во Македонија. Дел од проектот ќе бидат повеќе од 2800 деца на возраст од 7 до 10 години, а целта е комплетно насочување на децата од најмала возраст кон фудбалската игра.

Денеска од 11 часот во СОУ „Кирил и Методиј“ во Неготино, официјално започнува првиот од вкупно 42 предвидени настани во рамки на проектот „Winter football joys“ кој ќе трае во следните две седмици.

Се вчитува...