Фудбалот во Шпанија без навивачи до 2021 година

Првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас по средбата со лидерите на клубовите, информираше дека е постигнат договор за продолжување на сезоната но шпанскиот фудбал ќе биде без публика до март 2021 година.

Тебас ги информирал претседателите на клубовите да се подготват за големите загуби, бидејќи фудбалот во Шпанија ќе се игра без навивачи на трибините до 2021 година. Најголеми загуби ќе имаат Барселона и Реал Мадрид.

„Полека ќе ги релаксираме воведените мерки за ограничување. Натпреварите ќе почнат, но планот е Камп Ноу или Сантијаго Бернабеу последни да бидат отворени“ – информираа и од Шпанската медицинска комора.

Се вчитува...