Во подкастот „Американски Екстра“, еден од гостите беше и хрватскиот новинар, Вики Ивановиќ, кој во разговор со својот колега Марк Шапит, го раскажа своето искуство од следењето на Светското првенство 2026 од САД.
„Беше над сите очекувања. Ми беше многу интересно, особено затоа што одев со одредени предрасуди. Бевме бомбардирани со еден куп информации од негативна природа, како што се „тешко дека ќе добиете виза“, како и „внимавајте на состојбите“. Бев во САД пред 16 години, тогаш беше одлично. Сега беше дури и десет пати подобро“, истакна Ивановиќ и се осврна на случајот со Фоларин Балогун, кој го фрли фудбалот во втор план.
„Не беше лесно за Балогун“
„Американците немаат поим за фудбалот и дали тоа беше црвен картон или не, и немаат поим дека ова е реткост што се случила и веројатно никогаш повеќе нема да се случи. Меѓутоа, ако Балогун, на пример, одбиеше да игра по „помилувањето“, ќе станеше непријател на американскиот народ, на сè што е американско и на „нивниот драг претседател“… Мислам дека навистина не му беше лесно“, рече Ивановиќ за скандалот.
Зборувајќи за ВАР, пак, Марко Шапит ќе рече…
„Дури и повикувањето судии да погледнат на монитор не ми е спорно, но во тие повици имавте само еден случај каде што судијата се држеше до својата одлука. Целата судиска сфера стана премногу за мене. Ние следиме ватерполо, ракомет, секогаш има проблем со преголемо влијание на судиите. Сега и фудбалот, за жал, оди во таа насока.“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
