Фудбалот запре во 13.минута во Фиренца: Чао, Давиде

На емотивен начин фудбалерите, раководството на клубот и навивачите на Фиорентина се простуваат уште еднаш од својот капитен Давиде Астори, на првиот официјален меч во Серија А, откако тој трагично почина во сон изминатиот викенд, непосредно пред дуелот против Удинезе, кој беше одложен.

 

Во 13.минута од натпреварот против Беневенто, фудбалот запре, а актерите на теренот и сите на стадионот испратија последен громогласен аплауз за Давиде Астори.

Најверните фанови на Фиренца направија кореографија „Давиде 13“…

Се вчитува...