Фудбалска генијалност: Гундоган даде гол по 44 додавања на Манчестер сити

Манчестер сити заслужено е осамен на врвот на Премиер-лигата откако „граѓаните“ го добија и градското дерби со Манчестер јунајтед со 3-1. Особено уживање за „фудбалските гурмани“ беше третиот гол на Сити, во кој избраниците на Гвардиола ја имаа топката 1:55 минута без престан во свој посед. Во овој период „граѓаните“ направија 44 додавања, пред таа да стигне до Гундоган, кој од непосредна близина го совлада Де Хеа.

Се вчитува...