Фудбалска крв во вените: Синот на Роналдо повикан во репрезентацијата

Легендарниот Роналдо Луис Назарио де Лима сигурно може да биде горд. Неговото семејство, се чини, ќе биде побогато за уште еден врвен фудбалер.

Синот на Роналдо, Роналд Назарио де Лима е повикан во јуниорската репрезентација на Бразил со која ќе настапи на Макабиските игри, голем спортски настан кој се одржува на секои четири години во Израел.

Роналдо сениор очекувано горд на својот син, на Твитер профилот објави фотографија на селекцијата до 18 години на Бразил на која е и неговиот син со напис:

„Ова е тимот на Бразил кој треба да носи многу успеси во иднина. Посебно е чувството кога го имате и својот син во таа екипа“.

Се вчитува...