Фудбалска магија на Рашфорд – дриблинг во стилот на Роналдо (видео)

Пол Погба го доведе Манчестер јунајтед во водство по неполни пет минути игра против Бурнемаут, но она по што овој гол долго ќе се памети е феноменалната асистенција на Маркус Рашфорд.

Англискиот репрезентативец прими топка крај аут-линијата, по што на магичен начин се ослободи од двајца противнички фудбалери, потсетувајќи на најдобрите денови на Кристијано Роналдо во дресот на „црвените ѓаволи“. Потоа следеше полесниот дел од задачата, да се уфрли пред самиот гол, каде Погба немаше тешка задача да ја смести топката во мрежата.

 

Се вчитува...