Фудбалска штафета 4х100: Кого избра Болт?

Усаин Болт не се снајде во фудбалската кариера како што посакуваше, но останува голем фан на „најважната споредна работа на светот“.

„Го сакам фудбалот, и тоа многу, но да бидеме искрени, во атлетиката бев многу подобар“ – реален е Болт во анализата на своите фудбалски спосообности.

Светскиот рекордер во атлетика даде свој коментар и за „вечната фудбалска дилема“ – Роналдо или Меси.

„Двајцата се генијалци, но јас го бирам Роналдо. Тој освојуваше титули каде и да играше, а стана и европски првак со Португалија“ – коментира Болт.

Кога би се правела фудбалска штафета, прашањето беше кои тројца асови тој би ги избрал да трчаат крај него.

„Роналдо, Бејл и Мбапе, за тоа нема дилеми“ – експресно одговори Болт.

Се вчитува...