Фудбалската федерација на Германија нема да ги казнува фудбалерите кои протестираат против расизам

Фудбалската федерација на Германија нема да ги казнува фудбалерите кои протестираат против расизамот и убиството на Американецот, Џорџ Флојд. Флојд беше убиен минатата седмица на улиците на Минеаполис во чин на полициска бруталност.

Поради инцидентот веќе неколку дена во САД владее хаос по улиците, а на протестите им се придружија луѓе ширум светот. Протестот јавно го изразија и неколку фудбалери во Бундеслигата со свои изјави, објави на социјалните мрежи, но и пораки за време на натпреварите.

Фудбалерот на Борусија Менхенгладбах, Маркус Турам по постигнатиот гол минатиот викенд одлучи да клекне како поддршка во борбата против непријателот кој го загрозува постоењето на човештвото.

Се вчитува...