Фудбалската репрезентација на Македонија е првиот спортски колектив од државата кој одлучи да даде финансиска донација во фондот за помош од коронавирусот. Во овие тешки мигови, фудбалерите и стручниот штаб се очекува да соберат околу 40.000 евра и да ги уплатат на жиро-сметката на Фондот за борба со Covid-19.
Фудбалската репрезентација на Македонија на 4.јуни треба да го пречека Косово во полуфиналниот дуел од плејофот во Лигата на нации. Овој меч требаше да биде одигран на 26.март, но пандемијата на коронавирусот во целиот свет ја примора УЕФА да го помести терминот на одигрување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА