Фудбалската ѕвезда во голема неволја: Миколи ќе мора да одлежи 3,5 години затвор

Поранешниот италијански фудбалер и голема ѕвезда на Палермо, Фабрицио Миколи, ќе мора да одлежи три и пол години затворска казна откако втората судска инстанца ја потврди одлуката тој е виновен за соработка со мафијата и изнуда на 20.000 евра од бизнисменот Андреа Франањини.

Тој побарал помош од мафијата за да добие пари за својот пријател Џорџо Гаспарини од продажбата на дискотека.

Фабрицио Миколи не беше присутен во судницата на денешното судење, но ќе мора во најкус можен рок да се јави на отслужување на казната.

40-годишниот Миколи најголем дел од кариерата мина во Палермо, но беше дел и од Јувентус, Лече, Фиорентина, Бенфика, а последно играше во Малта.

Се вчитува...