Фудбалски менаџер – Дали си роден за оваа професија ?!

Фудбал и сите негови комплементарни соединенија! Што ја прави оваа игра толку интригантна и сеприсутна во нашите животи?!

Од медицинскиот персонал, тренерите, фудбалерите и нивниот капитен, до главниот фудбалски менаџер – сите во тимот се дел од големото шоу. Некој ја има главната улога, а некој ги држи конците!

Фудбалскиот менаџер, или популарно наречен главниот тренер има доминантна улога во еден клуб.  Тој  избира 11 играчи кои ќе играат на натпреварот, дава инструкции за време на натпреварот, ги мотивира играчите, со својот тим на соработници скаутира млади и перспективни играчи, ги планира идните засилувања. Добива годишен буџет, реализира трансфери на играчи. Едноставно тој е мозокот на тимот! Од него се почнува, со него завршува. Остварува бонуси ако тимот има добри резултати, или отказ ако тимот има исклучително лоши резултати.

jose-mourinho-manchester-united_1syzlhaq9lter1gnso9o0wy0fo

Денес, главниот фудбалски менаџер се грижи за се погоре споменатото, но неговата улога станува уште посложена. Тој ги тренира играчите да размислуваат како единка, а истовремено настојува секој од нив индивидуално да настапува со максимална концентрација, интензитет и вештини. Фудбалскиот менаџер мора да има високи компетенции во справувањето не само со луѓето, туку и со медиумите и со пошироката јавноста.

Затоа, успешниот тренер мора да покаже компетентност, силно познавање за играта и да демонстрира храброст и решителност во најтешките ситуации. Снаодливоста е особено посакувана особина, а егото е пожелно да биде што помало. Многу одговорности сконцентрирани во еден лик!

Дали мислиш дека би се снашол на тренерска  позиција? Убеден си! А зошто не би пробал првин во виртуелниот свет?! Ќе чини помалку пари и нервоза.

Обиди се со тоа што ќе ја симнеш најновата Telekom Fantasy Football апликација, достапна за сите страсни љубители на фудбалот. Со оваа онлајн игра корисниците на Македонски Телеком имаат уникатна можност да бидат менаџери на најдобрите фудбалери во светот.

Состави го својот dream team од професионални играчи и собирај поени од секој натпревар на Лигата на Шампиони. Оној којшто ќе освои најмногу поени во секое коло добива PlayStation 4 и видео игра FIFA18, а „најдобриот менаџер“ за сезоната 2017/2018 добива две карти за уживање во големото финале кое ќе се оддржи во Киев наредната година. Апликацијата Telekom Fantasy Football е достапна за корисниците на Андроид на следниот линк, а за корисниците на iOS на следниот линк.

Повеќе за Telecom Fantasy Football на следниот линк.

Комерцијален текст

Се вчитува...