„Фудбалски земјотрес“ во Торино: Нејмар пред трансфер во Јувентус!?

Ѕвездата на Пари Сен Жермен и напаѓач на Бразил, Нејмар би можел ова лето да се приклучи на Јувентус, открива „Калчомеркато“.

Новиот спортски директор на ПСЖ, Луис Кампос, стапил во контакт со раководството на торинскиот клуб и му понудил да го ангажира 30-годишниот фудбалер. Се истакнува дека ПСЖ е подготвен да подмирува дел од платата на Бразилецот.

Францускиот клуб сака да го олесни платниот список и да се раздели со дел од екстремно скапите фудбалери. Нејмар настапува за ПСЖ од 2017 година, кога премина од Барселона за рекордни 222 милиони евра. Неговиот договор со парижаните е до 2025 година.

Бразилецот минатата сезона во Лига 1 на 22 натпревари постигна 13 гола и забележа шест асистенции.

Се вчитува...