Русите контра ФИФА: Повторно го извалкаа спортот со политиката, фудбалот треба да обединува…

Во вторникот, Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ја продолжи за една година важноста на одлуката со која на странските играчи им се дозволува самоиницијативно да ги напуштат руските и украинските клубови. Ова значи дека до 30 јуни 2023 година, странските играчи можат еднострано да се повлечат од договорите што ги имаат со клубовите во Русија и Украина.

Уште тогаш Фудбалскиот сојуз на Русија го изрази своето незадоволство од одлуката на ФИФА, а сега ФС на Русија и раководството рускиот шампионат излегоа со заедничко соопштение.

„Фудбалската федерација на Русија, руската Премиер лига и Здружението на руски професионални клубови ја осудуваат оваа одлука и сакаат да изразат големо несогласување. ФИФА постојано повторува дека спортот мора да остане неизвалкан од политиката, но ставовите и одлуките на оваа организација упорно го негираат тоа. Сметаме дека оваа одлука е спротивна на статутот на ФИФА, дека е дискриминаторска кон една нејзина членка, која нема никаква вина во сето ова. Со нас на оваа тема не се водени консултации и разговори. Фудбалот треба да ги обединува луѓето од целиот свет, а не да врши поделби“, гласи соопштението упатено до  ФИФА.

Се вчитува...