Фудбалските мајстории на Симона Халеп (видео)

Симона Халеп во Мајами се подготвува за силниот ВТА-турнир, а романската тенисерка во меѓувреме ја прифати поканата на Интер Мајами да го посети стадионот на овој клуб, чиј прв човек е Дејвид Бекам.

Притоа, Халеп покажа импресивно фудбалско знаење жонглирајќи со топката за сопствен рекорд од 81 удари пред таа да падне на земја.

Навивачите на Интер Мајами веднаш се јавија со порака до Бекам – што поскоро да ја потпише Романката бидејќи во тимот нема такви фудбалски мајстори.

Се вчитува...