Фудбалските менаџери минатата година од трансфери заработиле речиси милијарда долари!

Рекордни 888,1 милиони долари досега во историјата на фудбалската игра, заработиле менаџерите минатата 2023 година од провизијата на застапување на фудбалерите и клубовите во трансферите кои се реализирани минатата година, објави ФИФА.

Според официјалните податоци од ФИФА, тоа претставува зголемување од 42,5% во однос на претхдната година, а за 30% го надмина досегашниот рекорд, поставен во 2019 година. Најголем дел од тие средства се за трансфери во англиските клубови – 280 милиони долари, а потоа е Саудиска Арабија со 86 милиони долари.

Но, вкупната сума сигурно достигнува и милијарда долари ако се знае дека во овие 888,1 милиони долари се вкалкулирано само трансферите од една во друга држава, а не и оние во една иста држава и национални лиги.

Се вчитува...