Здружението на фудбалски прволигаши на Македонија испрати известување до владата и до Фудбалската федерација на Македонија, во кое побара да бидат одредени мерки на помош за клубовите поради стопирањето на шампионатот.
Клубовите бараат намалување за 50% на давачките за пензиско и инвалидско осигурување на фудбалерите и вработените лица. Исто така, едно од барањата е и да се одреди субвенционирање на платите за фудбалерите и вработените за периодот додека трае паузата поради пандемијата на Covid-19.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА