Фудбалските репрезентативци со донација за Инфективната клиника (ФОТО)

Репрезентативците на фудбалската репрезентација на Македонија се вклучија во помошта на здравствените работници во нашата земја донирајќи опрема за помош во борбата против Ковид-19. Оваа информација ја сподели напаѓачот на нашиот тим Илија Несторовски на својот фејсбук профил.

„Апел од нас фудбалерите на А репрезентацијата на нашата сакана земја. Иако сме далеку физички, ние сме со цело срце и душа со нашиот народ. Денеска дониравме одредена количина на заштитна опрема за медицинскиот и помошниот персонал во „8 септември“ и КИФБ Скопје. Дониравме и одредени количини маски, скафандери, капи, средства за дезинфекција, гелови, хируршки маски и заштитни визири. Ви благодариме што се грижите за нашите сограѓани, нештедејќи се себе во оваа заедничка битка. Воедно ги повикуваме сите кои се во состојба да донираат, да го направат тоа сега кога е најпотребно. Длабока почит кон медицинските тимови и целиот помошен персонал. Се гледаме на стадион“, напиша Несторовски. 

Се вчитува...