Фулам го посакува Тео Хернандез на позајмица

Повратникот во премиерлигашкото друштво, тимот на Фулам, посакува да го добие во своите редови Тео Хернандез, фудбалерот на Реал Мадрид, на позајмица за претстојната сезона. „Кралевите“ одлучија тој да замине во друга средина на една година, а речиси беше договорено да го облече дресот на Реал Сосиедад. Но, баскискиот клуб не може да ја плаќа целата плата, па побара од Реал Мадрид да го поделат трошокот.

Фулам тука ја гледа својата шанса. Англискиот клуб нуди 2 милиони евра за позајмицата, но и да му ја исплаќа во целост годишната плата на Тео Хернандез. Се очекува самиот фудбалер да се согласи за настап во Премиер – лигата, по што двата клуба најверојатно ќе се договорат за едногодишна позајмица.

Се вчитува...