Фулам го претстави Андре Шурле (ФОТО)

Новиот англиски премиерлигаш, тимот на Фулам, кој се врати во елитата, го доведе германскиот репрезентативец Андре Шурле како ново засилување за претстојната сезона. Тој доаѓа како позајмен играч од германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд. Шурле претходно има искуство во Премиер – лигата како играч на Челси.

„Среќен сум што доаѓам во клуб како Фулам, кој има голема традиција во англискиот фудбал. Се надевам дека ќе бележиме успеси во Премиер – лигата следната сезона“, изјави Андре Шурле на промоцијата.

Се вчитува...