Фулам со последниот билет за Премиер-лигата

Фулам е последниот патник во Премиер-лигата откако лондонскиот клуб во денешната пресметка на „Вембли“ славеше над Астон вила со 1-0.

Карни беше стрелец на единствениот погодок кон средината на првото полувреме, по што тимот на Славиша Јокановиќ одолеа на нападите на противникот за враќање во елитното друштво.

Претходно место во Премиер-лигата обезбедија и Вулверхемптон и Кардиф, додека од елитното друштво испаднаа ВБА, Стоук, Свонси.

Се вчитува...