Фуриозен почеток на Бостон во плеј-офот (ВИДЕО)

Кошаркарите на Бостон фуриозно ја почнаа кампањата во плеј-офот во НБА, славејќи над Филаделфија со 123-91. Селтикс одиграа одлично од првата минута, дојдоа до предност, и не ја испуштија се до крајот на натпреварот.

До победата ги предводеше брилијантниот Џејсон Тејтум, кој оствари дабл-дабл од 25 поени, 11 скока и седум асистенции. По него следеше Браун со 26.

Следниот натпревар меѓу овие ривали ќе се игра за три дена, а домаќин повторно ќе биде Бостон.

Се вчитува...