Фурсенко: Задоволството е огромно по една таква убедлива победа

Претседателот на Зенит, Сергеј Фурсенко синоќа веднаш по дуелот на „Филип Втори“ не го криеше задоволството од убедливиот триумф на рускиот тим против македонскиот шампион.

„Емоциите надвладуваат во моментов, бидејќи одигравме одличен натпревар. Тоа е она што Манчини и ни го вети нас, брза, комбинаторна игра, фудбал за око. Па, секако задоволството е огромно и сатисфакцијата по еден ваков резултат за се она што го работиме“ – вели Фурсенко, дополнувајќи дека тоа е плод на добрата игра на неговиот тим.

„Вардар не е слаб противник, но беа доведени во таква позиција што не можеа да направат ништо. На противникот му дадовме да игра, толку колку што ние сакавме. Погледнете, ја имаме најубедливата победа во Лигата на Европа. Тоа нешто кажува. Но, сега мора да продолжиме да победуваме на секој следен натпревар“.

Се вчитува...