„Футбол Ликс“ откри: Роналдо избегнувал данок преку офшор фирми во Луксембург и на островот Џерси

Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, има се поголеми проблеми со законот во Шпанија, откако даночниците открија дека тој преку две офшор компании избегнувал да плати данок. Едната компанија е формирана во 2015 година во Луксембург и се занимава со градежништво, пред се изградба на хотели, и таа е ќерка – фирма на компанија од островот Џерси (мал остров на територијата на Франција). Ова се податоци кои се откриени преку платформата „Футбол Ликс“.

Офшор компаниите немаат обрска да плаќаат данок на остварената добивка, ниту да поднесуваат финансиски извештаи. На сопствениците и на директорите на таквите компании им се нуди максимална приватност, бидејќи нивните имиња не мораат да бидат јавно запишани во трговските регистри.

Се вчитува...