ФУТСАЛ: Македонија три пати се враќаше, Италија на крај стигна до победа (ВИДЕО)

Футсал репрезентацијата на Македонија загуби од Италија во квалификациите за пласман на СП 2024 година во меч одигран во Катанија. Избраниците на Васко Скендеровски цело време му „дишеа“ во врат на противникот, цело време се враќаа откако „азурите“ ќе стигне до предност, меѓутоа на крајот го „положија оружјето“ и загубија со 6:3.

Чутрупи во 3. минута донесе предност за Италија, а Крстевски во 6. ја анулираше. Во 8. минута ново водство на Италија прему Мусумечи, а Петровиќ во 11. да израмни. Марчело во 17. минута носи трета предност за Италија, и со 3-2 се замина на полувремето.

Само што почна вториот дел, во 22. минута Ранготов носи трето израмнување, меѓутоа Марчело во 24. минута носи ново водство, а во 25. минута Мота зголеми за првпат на два разлика (5:3). Македонија немаше сили да се врати во мечот, затоа Калдероли 37. минута донесе и 6:3.

Се вчитува...