Футсал репрезентацијата ги доби противниците во квалификациите за СП

Македонската футсал репрезентација ги дозна своите противници за главната квалификациска рунда за Светското првенство во футсал 2028 година, по денешната ждрепка која се одржа во седиштето на УЕФА во Нион. Нашата селекција се најде во исклучително силна група, каде за противници ќе ги има велесилата Шпанија и секогаш незгодната Финска.

Квалификациските натпревари е предвидено да се одиграат во периодот од декември 2026 година до март 2027 година.

Системот на натпреварување наметнува жестока борба за секое место, со оглед на тоа што само победниците од групите и четирите најдобри второпласирани репрезентации ќе обезбедат директен пласман во елитната рунда. Останатите осум второпласирани тимови ќе мора да го одат потешкиот пат и преку бараж-дуели (плејоф) од главната рунда да бараат виза за следната фаза.

Се вчитува...