Футсал-репрезентацијата падна во финишот, пораз на гостувањето во Шведска

Футсал репрезентацијата на Македонија претрпе пораз од 5-2 од селекцијата на Шведска во рамките од новиот квалификациски циклус. Домашната селекција се покажа како поквалитетен противник и стигна до убедлива победа без оглед на обидите на нашите репрезентативци да стигнат до изненадување во арената во Алингсас.

Македонија изненади со фуриозен старт откако веќе во втората минута нашиот национален тим поведе со 0-1 преку Петровиќ, но Швеѓаните се вратија и преку Смајловиќ израмнија на 1-1, резултат со кој се замина на одмор. Гаши ја доведе Шведска во предност на стартот од вториот дел, Мицевски израмни на 2-2, но последните десет минути минаа во знакот на домашните играчи кои со три гола ја осигураа победата.

Покрај Шведска и Македонија, дел од оваа квалификациска група 10 е уште и селекцијата на Италија.

Се вчитува...