Футсал репрезентацијата во група со Италија и Шведска во квалификациите за СП

Македонската футсал селекција ги доби ривалите во квалификациите за пласман на СП 2024 година. Во групата 10, Македонија е со Италија и со Шведска, а натпреварите се играат од септември 2022 година, до март 2023 година. Се игра секој со секого дома – гости.

Првите 12 победници во групата, и најдобрите четири второпласирани патуваат во „елитната“ рунда.

Кандидати за домаќини на СП во футсал 2024 година се Иран, Индија, Мороко, Мексико, САД и Гватемала.

Се вчитува...