Футсал тимот Арбен Бајрами е победник во Купот на Македонија

Футсал тимот Арбен Бајрами е победник во Купот на Македонија во футсал за сезоната 2021/22, откако триумфираа во финалето против Карадаку на мечот кој се одигра во салата во Автокоманда во Скопје.

Фудбалерите на Арбен Бајрами со 5-1 славеа против тимот на Карадаку освојувајќи го трофејот во Купот.

Стрелци на погодоците за победничкиот тим беа Сулејману, Рамадани, Јакупи и Јахај со два погодоци. За Карадаку погоди Исени.

Се вчитува...