Футсал тимот на Шкупи доби еден сигурен и два можни ривали во ЛШ

Македонскиот шампион во футсал, екипата на Шкупи го доби за ривал чешкиот првак Хрудим и двајца потенцијални ривали од групите Г и Х, во својата група во Лигата на шампионите.

Другите два тима ќе се решаваат после одигрувањето на натпреварите од групите кои се на програмата од 23 до 28 август со што ќе се комплетираат ривалите.

Победниците од групата Г (Диферданж, АПОЕЛ, Тирана и Белфаст) и од групата Х (Лученец, Блу Меџик, Космос Талин и Кардиф), ќе бидат ривалите на Шкупи и на Хрудим, а потоа најдобриот од групата оди во „елитната“ рунда квалификации.

Се вчитува...