Габриел Хесус е најталичниот играч, нема пораз веќе цела година

Бразилскиот интернационалец Габриел Хесус е најталичниот играч за својот тим, ако може да и се верува на статистиката. Кога тој е во тимот на Манчестер сити, или во репрезентацијата на Бразил, тогаш не се случува пораз. И така е веќе цела година…

Манчестер сити нема доживеано ниту еден пораз на натпреварите на кои настапил Бразилецот. Последниот пораз на Габриел Хесус му се случил пред една година, кога како играч на Палмеирас загуби од Сантош со 1-0. Датумот е 29.октомври 2016 година. Оттогаш, веќе цела година, Габриел Хесус не знае за пораз.

Ова сигурно го знае и Пеп Гвардиола, па отсега ќе има загарантирано место во составот на „граѓаните“…?!

Се вчитува...