Габриел Хесус му се извини на Динамо за контроверзниот гол

Динамо Загреб посакуваше победа против Манчестер сити за да обезбеди европска пролет, но на крај доживеа убедлив пораз од 1-4 на „Максимир“.

Три гола беа дело на одличниор Габриел Хесус на кого Хрватите посебно му замерија за првиот, израмнувачки, погодок постигнат во моментите додека двајца фудбалери на Динамо Загреб лежеа повредени на терен.

„Не ги видов играчите како лежат затоа што бев свртен со грб, па не можев да видам. Сакам да се извинам ете на Динамо Загреб затоа што не видов“ – изјави Хесус по синоќешниот натпревар.

Освен Хесус, мрежата од голот на Динамо Загреб за Манчестер сити ја затресе и Фоден, а за домашните уште во 10. минута прекрасен гол постигна Шпанецот Олмо.

Се вчитува...