Габриел Мартинели и официјално стана играч на Ал-Хилал и му донесе рекордна заработка на Арсенал

Бразилскиот репрезентативец, Габриел Мартинели, и официјално стана нов играч на саудискиот тим Ал-Хилал.

Мартинели потпиша четиригодишен договор со Ал-Хилал, а финансиските детали од договорот не се објавени, но англиските медиуми пишуваат за рекордна заработка на Арсенал.

Според медиумите, саудискиот тим платил 60 милиони фунти за трансферот, а оваа сума е рекордна за Топчиите кога станува збор за продажба на играчи.

Мартинели во Арсенал пристигна во 2019 година и за Топчиите одигра 278 натпревари на кои постигна 62 гола. За репрезентацијата на Бразил досега настапи на 27 меча и петпати се запиша во листата на стрелци.

Се вчитува...