Габриел Жезус носи комплетен пресврт на „Етихад“ (ВИДЕО)

Манчестер сити стигнува до целосен пресврт против Пари Сен Жермен (2-1) во дерби натпреварот од 5. коло во Лигата на шампионите. Габриел Жезус во 76. минута постигнува гол со кој „граѓаните“ во овој момент го обезбедуваат првото место  во групата А од елитното натпреварување.

Доколку остане вака резултатот Сити ќе ја освои првата позиција, додека ПСЖ и покрај поразот ќе биде промовиран во осминафиналист во елитата, поради тоа што Лајпциг има голема предност на Клуб Бриж.

 

Се вчитува...