Гачевски: Дома ги победивме сите, зошто не и Зенит?!

Македонскиот првак Вардар в четврток ќе го игра својот историски прв натпревар во групната фаза од Лигата на Европа, а на стадионот „Филип Втори“ во Скопје ќе пристигне рускиот гигант Зенит. Голманот Филип Гачевски е сепак оптимист и се надева дека Вардар може да оствари уште еден голем резултат на европската сцена.

„Сега се фокусираме на натпреварот со Зенит. Веќе мислиме на тој натпревар. Запишавме историја со пласманот во групната фаза, и сега е време да покажеме дека досегашните резултати до сега не се случајни. На домашен терен ги победивме сите, и сакаме да продолжиме во ист стил“, вели Гачевски.

Се вчитува...